За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN

 


 

 

31. МЕЃУНАРОДEН СЕМИНАР ПО ЈОГА

под водство на учителот Павлос Хасанагас

 

ЗА ЉУБОВТА

помеѓу митовите и вистината
 

  

Семинарот се одржа од 27 до 29 јуни во Струга, х. Бисер.

Семинарот беше дружење со една едноставна, а истовремено толку комплексна и богата тема која е дел од животот на секој човек. Учиме да сакаме од детството, ги сакаме нашите родители, пријатели, роднини... Ја запознаваме првата љубов. Се радуваме во љубовта, се препуштаме во нејзините прегратки, сакаме вечно да трае. Се судираме со првото љубовно разочарување, плачеме за љубовта, страдаме во љубовта и тогаш се прашуваме: Зошто? Што се случи?

  

Тука неминовно се поставува прашањето дали имаме знаење и култура за љубовта?

  

На семинарот учествуваа 70-тина практиканти од Јога-сојузот на Македонија

и гости од Германија, Нов Зеланд и САД.

На еден едноставен, приемчив начин Учителот ја доближи темата до сите присутни учесници. Предавањата ги побудија прашањата :

Што е тоа љубов? Дали е чувство, мисла, идеја, концепт? Зошто сакам? Дали знам да сакам? Како треба да сакам? Дали размислувам за љубовта додека трае или почнувам да се прашувам кога ќе згасне? Дали знам да давам и да примам љубов ?

  

Учителот Павлос К. Хасанагас

 

“Јогата е љубов. Животот е љубов. Свесни или не

љубовта е најважната работа која постои во нас и околу нас.

Светот се случува заради љубовта.

Животот се случува заради љубовта.”

 

  

Моменти од предавањата на Учителот

 

“Љубовта е програмирана внатре во нас. Човекот е создаден да сака.

Но разбирањето и начинот на кој ќе го направи не се однапред утврдени. Човекот треба да ги одгонетне.”

 

 

“Човекот има потреба од љубов повеќе отколку од воздух…

Од љубовта зависи колку сте живи. Ако не сакате

само мислите дека сте живи. Работат само биолошките функции.

Друго е да се живее. Друго е да се биде.Човекот може да живее со вода,

со храна, но вистинскиот живот е кога има љубов.

Човекот почнува да умира во оној момент кога не сака “

 

  

Презентација на научни истражувања за љубовта

- Катерина Наумова, психолог и инструктор по јога -

Презентацијата на научните истражувања за љубовта ја потврди комплексноста на темата допирајќи ја хемиската, физиолошката, психичката трансформација како резултат на постоењето или непостоењето на љубовта, факторите кои влијаат при изборот на партнерите, поврзаноста на љубовта која ја даваме со онаа што сме ја примале од нашите родители итн.

  

Сатсанзи со Учителот

- можност за учениците да поставуваат прашања  -

  

  

  

Работилница за анахата чакра (срцевиот енергетски центар)

- под водство на Ванчо Тасески, професор по јога -

 

  

Работилници за со-хам медитација

- под водство на постарите инструктори д-р Благоја Ѓорѓиески,

Глигор Ѓозев и Томе Биновски -

Работилниците за со-хам медитација овозможија практиканитите детално да се запознаат со значењето на техниката, ефектите и начинот за нејзиното изведување. Практично имаа можност да ја почувствуваат и преку медитациите под водство на Учителот Павлос.

 

Работилници за љубовта

- под водство на Ванчо Тасески и Стеван Милиќ, професори по јога

и Катерина Наумова, инструктор по јога

Работилниците за љубовта беа можност за подлабоко размислување и проникнување во темата, како и за формулирање на прашањата кои беа одговорени и обработени на сатсанзите со Учителот. Беа опфатени различните димензии и нивоа на љубовта: физичкото, менталното, емотивното ниво, како и спиритуалната и кармичката димензија на љубовта.

фотографии од часовите по јога и медитација >>>

 

изјави од учесници >>>

 

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |