За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN

 

 

ШТО ДОНЕСОА ОВИЕ ИЗМИНАТИ ГОДИНИ

НА ПОЛЕТО НА ЈОГАТА?

Од првите индивидуални часови, од курсевите во Клубот за меѓународно пријателство на млади, до друштва и центри низ целата држава, организирани во Јога-сојуз на Македонија. Од неколкумина почетници до илјадници луѓе што поминале низ курсевите. Од еден помошник, до Школа за обука на наставници. Од копиран интерен билтен, до ценето списание. Од недоверба и сомнежи, до соработка со научни и образовни институции и меѓународни признанија...

§         Во десетина градови во Македонија, активно работат центри, друштва и секции, под координација на Јога-сојузот на Македонија.

§         Одржани се неколку стотици едукативни курсеви што ги посетувале илјадници практиканти.

§         Одржани се над 30 меѓународни семинари и четириесетина еднодневни семинари.

§         Одржани се шеесетина наставни семинари во рамките на Школата за обука на наставници. Во Сојузот активно работат 18 наставници.

§         Одржани се стотина терапевтски курсеви (за срцеви и бубрежни болни, за респираторни заболувања и др.); специјализирани курсеви (за деца, за бремени жени, за студенти, за стари лица, за спортисти, за работни организации), како и курсеви за релаксација и медитација.

§         Издадени се четири книги и над 130 броеви на списанието ЈОГА.

§         Одржани се десетици јавни предавања, трибини и изложби на фотографии.

§         Реализирани се десетици учества на саеми (на книга, на медицина, на невладини организации, на здравје), како и стотина учества во ТВ и радио емисии, и прилози во печатени медиуми.

§         Спроведени се над 30 истражувања за јогата, презентирани на десетина конгреси во Македонија и во странство.

§         Остварена е соработка со медицински, научни и образовни институции од Македонија и од странствo.

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |