За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN

 

  • Јога-друштво - Скопје >>>

  • Јога-друштво - Прилеп  >>>

  • Јога-друштво - Битола  >>>

  • Јога-друштво - Велес  >>>

  • Јога-друштво - Штип  >>>

  • Јога-друштво - Струга  >>>

  • Јога-секција - Охрид  >>>

  • Јога-секција - Струмица >>>

  • Јога-секција - Гевгелија >>>

  • Јога-секција - Валандово  >>>

  • Јога-секција - Кавадарци  >>>  

  • Јога-секција - Неготино >>>

  • Јога-секција - Богданци  >>>

  • Јога-секција - Куманово  >>>

  • Јога-секција - Кичево >>>  

ВИПАРИТА КАРАНИ

- обратна положба -

  • Го ослободува заморот од нозете и грбот, ја стимулира работата на штитната жлезда, врши масажа на внатрешните органи и ја подобрува циркулацијата на крвта во горните делови од телото.

  • Има истовремено смирувачки и енергизирачки ефект на умот и на телото.

  • Помага во третманот на астма, проширени вени, хемороиди, акни, главоболки, несоница, анксиозност и депресија.

  • Не ја практикувајте асаната во деновите на менструалниот циклус, доколку имате висок крвен притисок, срцеви заболувања или висок очен притисок.

       МАЦЈАСАН

- положба на риба -

 

  • во старите јогиски текстови се нарекува „уништувач на болести“

  • ги јакне тироидната и паратироидната жлезда, а има и позитивно дејство врз крајниците, поради што се препорачува да ја изведуваат и децата

  • ги отстранува напнатоста и вкочанетоста од рамениот појас и вратот, а ја подобрува и циркулацијата на крвта во грбот

  • ја зголемува отпорноста на организмот кон стомачни заболувања

  • помага при лекувањето на белодробни заболувања, констипација, хемороиди, како и при отстранување на благи деформитети на ‘рбетот и на градниот кош

  • Не ја практикувајте асаната доколку имате зголемен крвен притисок, зголемена функција на тироидната жлезда, како и голема осетливост на вратните прешлени и рамениот појас.         

            ПАШЧИМОТАНАСАН

        - положба на штипка -

  • jа зголемува еластичноста и подвижноста на ‘рбетот.

  • ги зајакнува абдоменалните мускули и го отстранува масното ткиво од стомакот и бутовите.

  • jа  урамнотежува работата на симпатикусот и парасимпатикусот

  • врши масажа на срцето, на плексус соларис и на органите и жлездите во пределот на абдоменот.

  • ја стимулира работата на бубрезите и половите жлезди.

  • отстранува психичка напнатост и помага во третманот на дијабетес, опстипација, гастритис, импотенција, како и при надминување на проблеми со менструалниот циклус.

  • Не ја практикувајте асаната доколку сте бремени, неодамна сте биле оперирани во пределот на абдоменот, имате хернија, хроничен артритис или потешки форми на ишијас.

БУЏАНГАСАН

- положба на кобра -

  • Ја зголемува еластичноста и виталноста на рбетот, ги намалува болките во грбот и овозможува исправање на помали деформитети.

  • Ја стимулира работата на штитната жлезда, на надбубрежните жлезди, на бубрезите и на дигестивниот систем.

  • Помага во третманот на астма, при ослободување од напнатост и замор, и при надминување на проблеми со менструалниот циклус.

  • Не ја практикувајте асаната доколку сте бремени, имате зголемена функција на штитната жлезда, дискус хернија или чир на желудникот.

АРДА МАЦИЕНДРАСАН

- положба co торзија -

 

  • Ја зголемува еластичноста на рбетот и помага во отстранување на деформитети, замор и болки во грбот.

  • Ги тонизира нервите по должината на 'рбетот и го урамнотежува текот на енергијата долж 'рбетниот столб.

  • Има прочистувачко и стимулативно дејство врз бубрезите, црниот дроб и панкреасот.

  • Ја подобрува перисталтиката на цревата и го стимулира варењето.

  • Помага во третманот на лумбаго, ишијас, дијабетес и опстипација.

 

     ВРИКШАСАН

    - положба на дрво-

  • jа развива концентрацијата и чувството за рамнотежа

  • ги зајакнува и ги прави поеластични мускулите и зглобовите на нозете

  • помага во третманот на ревматски болки во нозете;

  • oслободува од напнатост

 

 

назад на курсеви >>>

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |