За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN

 

  • Јога-друштво - Скопје >>>

  • Јога-друштво - Прилеп  >>>

  • Јога-друштво - Битола  >>>

  • Јога-друштво - Велес  >>>

  • Јога-друштво - Штип  >>>

  • Јога-друштво - Струга  >>>

  • Јога-секција - Охрид  >>>

  • Јога-секција - Струмица >>>

  • Јога-секција - Гевгелија >>>

  • Јога-секција - Валандово  >>>

  • Јога-секција - Кавадарци  >>>  

  • Јога-секција - Неготино >>>

  • Јога-секција - Богданци  >>>

  • Јога-секција - Куманово  >>>

  • Јога-секција - Кичево >>>  

 

 ЏАЛА НЕТИ

 прочистување на носните канали со солена вода

 Џала нети спаѓа во групата на древни јогиски техники за 

 прочистување на организмот, наречени крија. Периодичното 

 прочистување на носот со солена вода овозможува дишењето

 да стане поквалитетно и полесно, а помага и при алергии,

 настинки и воспаленија на синусите.

 За изведба на техниката се користи специјален сад - лота.
 

  • Во лотата се става едно кафено лажиче морска сол и топла вода со температура на телото. Солта треба добро да се раствори во водата.

  • Техниката се изведува клечејќи или стоејќи со наведнато тело напред.

  • Лотата се поставува на левата дланка и малиот отвор внимателно се става во левата ноздра. При изведбата на техниката дишеме низ уста. Главата се наведнува малку кон напред и на десно. По кратко време водата сама ќе почне да истекува низ десната ноздра. Оставаме половина од водата во садот да истече. Потоа истото го повторуваме низ другата ноздра.

  • Кога ќе завршиме, носот се издувува со движење на главата горе-долу, лево-десно, за да се отстрани заостаната вода од носните канали.

  • Техниката е најдобро да се изведува наутро, еднаш неделно. При носна алергија може да се работи и секој ден, еднаш или двапати, според потребата.

  • Во ладните периоди треба да се внимава да не се излегува веднаш на ладен воздух, туку да помине барем половина час.

  • За подетални информации консултирајте се со наставник по јога.

 

          НАПОМЕНА: Техниката не се работи при акутни крварења од носот и до една година по пунктирање

          на синусите и по операција на средното уво.

 

 

ВО ПРОДАЖБА ВО МАРКЕТИТЕ НА БИОКУЛТ И ВО СИТЕ ЦЕНТРИ НА ЈОГА-СОЈУЗОТ

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |