За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN


  • Јога-друштво - Скопје >>>

  • Јога-друштво - Прилеп  >>>

  • Јога-друштво - Битола  >>>

  • Јога-друштво - Велес  >>>

  • Јога-друштво - Штип  >>>

  • Јога-друштво - Струга  >>>

  • Јога-друштво - Струмица >>>

  • Јога-секција - Охрид  >>>

  • Јога-секција - Гевгелија >>>

  • Јога-секција - Валандово  >>>

  • Јога-секција - Кавадарци  >>>  

  • Јога-секција - Неготино >>>

  • Јога-секција - Кичево >>> 

  • Јога-секција - Богданци  >>>

  • Јога-секција - Куманово  >>>

 
ЈОГА-ДРУШТВО - ШТИП
тел:
075/43 43 65
 

Часови во ОУ "Димитар Влахов" (Сењак) и Дом на култура „Ацо Шопов“

ИСТОРИЈА

Друштвото е основано на 17.11.1989 година, негова цел е теоретско и практично запознавање на граѓаните со вредностите на јогата, сорабока со институциии во областа на образованието, здравството, културата, спортот и граѓанските здруженија.

 

Досегашни поважни активности:

  • континуирано одржување на почетни, средни и напредни курсеви по јога  кои досега ги посетувале голем број граѓани на Штип

   

  • специјализирани курсеви за деца

  • искуствата од работата со деца беа сублимирани во две научни истражувања направени во соработка со Научно – истражувачкиот совет при Јога сојузот на Македонија. Едната студија на тема „Јога за деца на училишна возраст“ е презентирана на 5ветски конгрес за јога и холистичка медицина, 1994 год. во Анси, Франција и на Првиот научен собир за јогата со меѓународно учество „Науката и духовноста на крајот на 20-от век“, одржан во јуни 1997 год.во Охрид. Втората студија на тема „Примена на јогата во подобрување на психофизичкиот развој на децата во основното образование“ е изработена во ноември 2009 год. Проектот кој опфаќаше практичен тримесечен курс за деца и истражување, беше поддржан од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип.

   

  • специјализирани курсеви за јогиска релаксација со антистрес програм

  • специјализирани курсеви за јогиска концентрација и медитација

  • многубројни јавни воведни предавања

  • циклус емисии за јога на Радио Штип

  • гостување во емисии на Радио Канал 77

  • емисии за ефектите од јога и активностите на Јога друштво – Штип на ТВ Теко, ТВ Ирис и ТВ Стар

  • организирање на изложба уметнички фотографии на тема јога, во Домот на културата „Ацо Шопов“, во 1994 г.

  • промоција на списанието Јога-здравје и хармонија во Безистенот, во рамките на Штипско културно лето во 1995 г.

    

  • во рамките на одбележувањето на 20–годишнината од работењето на Друштвото, во големата сала на Советот на Општината, се одржа еднодневен семинар со Учителот Павлос К Хасанагас во октомври 2009 г.

  • промоција на книгата „Јога – духовна одисеја“ од Учителот Павлос К. Хасанагас во градската библиотека, во февруари 2010 г.

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |