За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN


 

ИЗЈАВИ НА ГИНЕКОЛОЗИ

 

проф. д-р З. Џиков

специјалист по гинекологија и акушерство

 

    „Бременоста не е болест. Таа е само една друга состојба на жената која настанува заради повремено зголемена психичка напнатост што се должи на широката лепеза на желби, надежи, емоции, фантазии и стравувања.

    За да се релаксира бремената жена пожелно е да практикува јога-вежби со помош на инструктор. Континуираната практика многу ќе и помогне во носењето на бременоста, ќе и создаде мир и спокојство, ќе и го подобри сонот и ќе и ги насочи мислите кон оптимизам и радост. 

    Освен тоа, јога-вежбите обезбедуваат правилно дишење во текот на бременоста, ја подобруваат еластичноста на телото, и овозможуваат полесна адаптација на новата состојба и поголема психофизичка кондиција.

    Јога-вежбите помагаат и во текот на породувањето, преку правилно дишење, вежби на релаксација и фокусирање на мислите кон убавината и среќата за новиот живот што доаѓа, со што чувството на болка се намалува и телото се полни со позитивна енергија и убави чувства.
    Затоа јога-вежбите ги препорачувам во текот на бременоста.“

 


проф. д-р Глигор Палчевски

специјалист по гинекологија и акушерство

 

    „Важен предуслов за нормална и хармонична бременост е истата да биде, по можност, планирана. Доколку не е планирана, односно неочекуваната бременост треба да биде прифатена како добредојдена. Тоа е потребно за да жената може да се подготви телесно, психички и ментално, како и економски и социјално за бременоста, раѓањето и за новороденчето.
    Една од тие должности е и психофизичката подготовка на бремената жена, што се состои од курсеви за: информирање за зачнувањето, за текот на бременоста и за периодите на раѓањето. Во оваа психофозичка подготовка спаѓаат и разните вежби кои треба да се изведуваат под стручен надзор. Во психофизичката подготовка на бремената жена спаѓаат и јога-вежбите. Во народот не е доволно објаснето и јасно дали јога-вежбите може и треба да ги применуваат и бремените жени, а посебно оние кои боледуваат од поедини болести, кои не се во врска со бременоста, како на пример, дијабетес. Одговорот е: ДА.
    Целите на јога-вежбите речиси во целост се поклопуваат со психофизичката подготовка на бремените жени. ОТТУКА И ОПРАВДАНОСТА ЗА ПРИМЕНА НА ЈОГА-ВЕЖБИТЕ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА. Со нив се постигнуваат следните цели:

  • Урамнотежување на метаболизмот

  • Стекнување свест за телото и за одржување на телото во добра форма

  • Стекнување на свест за дишењето, особено за правилното дишење и контрола на дишењето во секој период од раѓањето, што претставува предуслов за безболно и пократкотрајно раѓање

  • ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД СТРАВОТ ОД ЧИНОТ НА РАЃАЊЕТО

  • Во народот направилно прифатените ставови за родилните "болки" со јога-вежбите, како и со психофизичката подготовка се корегираат; се стекнува свест за правилно и интелигентно интерпретирање за стегањето на матката како родилни-маткини-контракции, неопходни за истиснување на плодот од матката, а не да се сфаќаат како болки

  • Искуството недвосмислено покажува дека кај бремените жени што се информирани и кои што вежбале, раѓањето се одвива без вознемиреност и без викање, за разлика од оние родилки што не се информирани и кои не вежбале, кај кои раѓањето се одвива некоординирано, со изразита вознемиреност, со несоработување и со продолжено време на раѓање.

  • Рационално користење на енергијата и свесно синхронизирање на дишењето со стегањето на волевата мускулатура на стомачната преса и на мускулатурата на перинеумот.

    Врз основа на ова, го давам следново МИСЛЕЊЕ: БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ МОЖАТ И ТРЕБА ДА ПРАКТИКУВААТ ЈОГА-ВЕЖБИ КОИ ТРЕБА ДА БИДАТ ВОДЕНИ И КОНТРО-ЛИРАНИ ОД СТРУЧНИ ЛИЦА. ИНТЕНЗИТЕТОТ НА ВЕЖБИТЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ДОБРО ДОЗИРАН ВО ЗАВИСНОСТ ОД МЕСЕЦОТ НА БРЕМЕНОСТА И ОД ВИДОТ НА ЕВЕНТУАЛНО ПОСТОЈНОТО ПРИДРУЖНО ЗАБОЛУВАЊЕ.“

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |