За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN

 


 

 

Разговор со ФРЕДЕРИК ЛЕБОАЈЕ

ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА
 

Г. Фредерик Лебоаје, по потекло Французин, кој сега живее во Швајцарија, поради своето посебно сфаќање за жената, породувањето и бебињата е речиси редовен гостин на грчкото Здружение за природно породување "Ефтокија" од Атина. Овој разговор со него го водевме по еднодневниот семинар што тој го одржа на 5 октомври 2001 година во Атина, во Центарот за јога-наука, каде што ни беше домаќин учителот по јога Ирена Едровска, која повеќе од 15 години води специјализирани курсеви за пренатална и постнатална јога и е член на здружението "Ефтокија" уште од основањето. Имаше околу 50-тина посетители, мајки, идни мајки, нивни сопрузи, и сите имаа многу прашања. Одговорите на Ф. Лебоаје ги поместуваат вообичаените стандарди во сфаќањето на раѓањето. Тој е првиот лекар кој на Запад го менува закоравеното мислење дека бебето не е свесно. Неговата книга "Раѓање без насилство" изврши револуција на ова поле.

 


Прашање: На семинарот го споменавте значењето на положбата на бремената жена и тоа дека таа не смее да дише со горниот дел од белите дробови.
Одговор: Центарот на гравитацијата на жената што очекува бебе се менува зашто таа има голем стомак - т. е. матка - што влече напред. Бидејќи за секоја акција има реакција со еднаква сила, но во спротивен правец, бремената жена се стреми да оди назад така што почнува да си го свиткува грбот.
Лекарот што ја води или оној што м помага на бремената жена, треба да ја направи свесна за овој дефект во нејзината положба и да го коригира тоа. Како резултат на неправилното држење на грбот, и дишењето е неправилно. Бидејќи нејзината положба станува си понеправилна, таа се стреми си повеќе да дише само со градите зашто бебето го зафаќа целиот простор во нејзиниот стомак. А дишењето со градите е една од главните грешки. Ако навистина си е во ред со жената, не треба да дише со градите, туку со стомакот.
Библијата вели, "Бидете повторно како малите деца". Што значи тоа? Бебето дише само со стомакот. Со градите дише само кога почнува да плаче. Така сите болки, сите емоции се изразуваат со градно дишење. Ако бремената жена не разбрала што е погрешно, а што правилно дишење, таа е во неволја. Значи, таа треба да совлада двајца непријатели, еден е свиткувањето на грбот, а другиот е дишењето со градите наместо со долниот дел. Дишењето зависи од положбата. Исто како кога градите куќа. Како архитект знаете дека основата е најважна. Ако основата на куќата е погрешна, таа нема да стои. Значи, мора да работите на основата. Ако основата е правилна, тогаш куќата сама ќе стои.

 

Прашање: Дали жените треба да се пораѓаат дома или во болница?
Одговор: Прашањето е погрешно. Тоа е прашање на кое не може да се одговори. Секоја жена е различна. Не постои стандард. Жената мора сама да реши како што чувствува. Во врска со нешто толку важно и мистериозно како што е раѓањето не можете да донесете одлука со умот. Вашиот ум секогаш ќе реши погрешно. Умот секогаш ќе осцилира помеѓу да и не, дома или болница итн. Вистинското прашање е: зошто жените одат в болница? Една од причините е тоа што така е вообичаено во некои општества, особено во западните земји во последниве 20-30 години. А втората е фактот дека тие имаат илузија дека таму ќе бидат посигурни.

 

Прашање: Сметате дека тоа е илузија?
Одговор: Не, дури и полошо. Оној момент кога жените ќе влезат во болница, готови се зашто секој ќе работи место нив. Тие никогаш нема да можат породувањето да го изведат сами. Еден ќе м рече "Вака прави", друг, "Не така, вака прави", потоа лекарите ќе речат нешто друго, па бабицата нешто трето. Жената треба да рече "Ќе го направам тоа по мое". Но во болница таа не може да избира зашто таму мора да биде послушна. Таа влегува во структура и станува дел од таа структура. Така си зависи од тоа колку самодоверба стекнала, а само во добрата бременост самодовербата се стекнува полека. На почетокот постои само страв. Но како што таа напредува стравот ќе исчезне и, ако си е добро, во одреден момент таа ќе рече "Ништо не може да ми се случи, си е во ред, јас сум сосема безбедна". Како да е под заштитата на својот "ангел чувар" и тоа се вика наклонетост, или милост, кога има еден вид Божја заштита. Или Шакти, според источната терминологија.
Но во бременоста таа се развива спонтано. Во еден момент жената ќе се чувствува толку безбедна што тоа ќе го вознемири нејзиниот сопруг зашто нема да може да ја разбере. Тој ќе инсистира: "Беше ли на лекар?" "Зошто не?" "Можеби нешто не е во ред со тебе". "Мора да одиш на лекар." Зашто тој се плаши, а стравот е заразен. Така жената треба да се заштити од својот сопруг. Зашто со неа се случува нешто што тој никогаш нема да може да го разбере. Таа е во голема мистериозна трансформација. Постои еден вид посебна заштита или посебно чувство на внатрешен спокој и внатрешна сигурност. Но ова доаѓа во посебен стадиум кон крајот на бременоста, а може да не се појави кај секоја жена. Ако не се појави, таа нека оди во болница. Но, во спротивен случај, ако го има тоа чувство на безбедност, нека остане дома.
Значи, нема готов одговор - болница или дома. Сета класификација на жените по старост, по тоа дали се подготвени за раѓање и слично, сето тоа не држи. Секоја жена е посебна, единствена и треба да се следи себеси и да биде искрена со себе и да реши како ќе постапи. Тие се многу ранливи на предлози, нивниот ум е многу приемчив и затоа тие мора да се заштитат себеси, за да не ги преземат влијанијата од другите за тоа што треба да направат.

 

Прашање: Уште нешто ме интересираше вчера. Можете ли да ја објасните врската помеѓу бебето и породилните болки, што ја споменавте вчера? Рековте дека породилните болки зависат од фетусот.
Одговор: Реков дека фетусот го поттикнува започнувањето на породилните болки. Тоа се случува под влијание на одредени хормони. Тоа се случува во фетусот. Ако фетусот рече "Не сакам да се родам", тогаш е во ред, зашто тие понекогаш не сакаат да се родат.

Прашање: Може ли мајката да направи нешто во врска со тоа?
Одговор: Тоа е сосема приватно, тоа е помеѓу мајката и детето. Тие мора да зборуваат меѓу себе. Ако мајката не е добра мајка, а честопати се случува тоа зашто не сакала да има дете во тоа време, или имала други емоционални проблеми и слично, тогаш тоа не е добра матка и е стегната матка. Жената е напната и ако бебето го почувствува тоа, ќе се роди предвреме, ќе сака да ја напушти матката, ќе сака да се спаси. Кога ќе се роди порано, ќе го стават во инкубатор. Тоа е сосема погрешно. Инкубаторите треба да се забранат зашто не можете да го одвоите новороденчето од телото на мајката. Тоа е како да си ја отсечете раката и да ја ставите во картонска кутија. Ова е толку важно поглавје, но не можам да го дискутирам сега. Инкубаторот е манипулација со животот. Тоа е жед за моќ, за моќта на чудото. Некои сакаат да прават чуда, сакаат да бидат Бог. Сите инкубатори се апсолутно погрешни. Ниедна болница не може да функционира без единицата со инкубаторите, каде што неонатолозите се гордеат велејќи дека спасуваат бебиња, дека прават чуда!

 

Прашање: Тие велат дека ги спасуваат животите на бебињата.
Одговор: Спасуваат животи? Не, тие само си играат со својата жед за моќ. Всушност, ако бебињата се родат предвреме, треба да се чуваат до мајчиното тело. Во памук, волна или слично, но блиску до мајчиното тело. Ако реши да преживее, ќе преживее. Ако реши дека не сака да остане, тоа ќе си оди. Како што има човекови права за мажите и за жените, постојат човекови права и за новороденчињата. Ако сака да остане - добро, ако сака да си оди - мора да му се дозволи да си оди. А лекарите ќе речат: "Не, не, мора да ги спасиме овие животи".

 

Прашање: Се чини дека решаваат за некој друг.
Одговор: Токму така. Не е истражувано или објавувано каква е иднината на децата што биле во инкубатор еден или два месеца. Тоа се чува во тајност. Тие не можат да имаат нормален живот. Еднаш сретнав една жена во Англија, која поминала близу два месеца во инкубатор. Одеше на психоанализа 20 години и си уште не можеше да се излекува. Таа беше жива затоа што ја спасиле, но каков живот имаше? Тоа е многу чувствително прашање.
Ако преживее природно предвреме роденото бебе што се чува до телото на мајката, до нејзината топлина, мирис и срцебиење, може да стане голем човек. Наполеон се родил предвреме, два месеца порано, и станал диктатор. Тој нашол причина за да преживее, веројатно спротивна.

Прашање: По колку време се сече папочната врвца, дали е тоа индивидуално?
Одговор: Гледате, повторно сакате да имате бројки, 2 минути, 5 минути, 6 минути. Додека врвцата чука, пулсира, ништо не се прави туку се чека додека не престане. Во одреден момент пулсирањето спонтано ќе престане. Постои комуникација помеѓу двете срца. Кога детето ќе се роди, таа ќе престане полека да пулсира и тогаш се сече. Некогаш требаат 2 минути, кај друга жена 10 минути, кај трета 12 минути.
Кога лекарот влегува во родилната сала, треба да го извади часовникот. Зашто раѓањето се случува надвор од времето. А жената што раѓа е своја, надвор од времето. Она што таа го доживува кон крајот на бременоста е безвременост. Таа не очекува веќе ништо. Целиот свој живот ние постојано само очекуваме нешто, некакво задоволство, некаква посета, да се сретнеме со некого, заштитувајќи се себеси за во иднината затоа што сме гладни, жедни. Но бремената жена во одреден момент е преполна и бидејќи е преполна и комплетна, таа веќе ништо не очекува. Таа ја доживува таа безвременост. Тоа е дел од посебната променета состојба на свеста која е толку мистериозна и која жената ја доживува кога е бремена. Таа веќе не е во времето. Таа е надвор од времето. Таа живее во безвременост. Таа веќе не мора да чека некого затоа што нејзиното тело завршува си. И чувствува љубов. А ние секогаш очекуваме, бараме љубов. Така тоа веќе не е хемиска, не е техничка, туку се претвора во вистинска љубовна приказна.

 

Фредерик Лебоаје како гинеколог-акушер бил многу години шеф на клиниката на Медицинскиот факултет во Париз. Првпат ја посетил Индија во 1959 година, таму го среќава својот спиритуален учител, свами Праџнанпад, и оттогаш го менува од корен својот метод на работа и воведува револуција во начинот на кој треба да се дочекуваат бебињата. Ја продолжува својата акушерска практика со новиот пристап уште неколку години и потоа ја прекинува својата практика, почнува да пишува книги, поеми, снима филмови и држи семинари во многу земји. Има искуство во јогата, во таи чи чуан, во борбени вештини.

 


РАЃАЊЕ БЕЗ НАСИЛСТВО
ФРЕДЕРИК ЛЕБОАЈЕ

Книга што воведе револуција во начинот
на кој нашите деца доаѓаат на овој свет

 

 
ПРВ ДЕЛ

 

Да се родиш значи да страдаш.
Готама

 

1
Дали сметате дека на бебињата им се допаѓа раѓањето?
Како мислите, дали им се допаѓа?
Токму она што велам. Дали сметате дека децата се радосни

што доаѓаат на овој свет?
Среќни? Па новороденото бебе не чувствува ништо.

Па така не е нити среќно нити несреќно.
Од каде го знаете тоа?
Па, тоа е очигледно. Секој го знае тоа.
Тоа не е баш некоја причина, нели?
Претпоставувам дека имате право. Но без разлика, тие во суштина не гледаат ниту слушаат добро, нели?
И по тоа мислите дека ништо и не чувствуваат?
Се разбира дека не чувствуваат.
Тогаш зошто плачат толку горко?
Па тоа е за да си ги прошират белите дробови, нели?
Да си ги прошират белите дробови! Тоа не објаснува речиси ништо. Во името на Бога, немојте да ми речете дека никогаш немате слушнато новороденче како плаче!
Да, се разбира дека имам слушнато. Но тоа не мора да значи дека страда.
Дали сметате дека на тој начин го изразува своето задоволство, својата радост што е со нас?
Мислам дека не се работи ниту за едното ниту за другото. Ви реков, бебињата не чувствуваат ништо.
Што е тоа што ве прави толку сигурен, ако смеам да ве прашам уште еднаш?
Па, како прво, тие се толку мали, мислам, на таа возраст...
Како може една интелигентна личност како вас да рече такво нешто? Божем големината воопшто има некаква врска со тоа. Мали!
Што се однесува до возраста, дали имате заборавено дека колку сте помлади толку поинтензивно чувствувате? Малите деца страдаат за работи што за нас се сосем тривијални зашто тие чувствуваат илјада пати повеќе од нас. Тоа е благословот и наедно проклетството на нивната возвишена чувствителност.
Па, можеби сте во право. Но како и да е, се уште е тешко да се сфати дека можат да чувствуваат, сакам да речам дека во тој стадиум не постои вистинска свесност, зар постои?
Свесност? Сметате дека немаат душа?
Не, не. Не мислам на душа. Не знам ништо за душата.
Но свесност? Знаете за свесноста? Одлично! Конечно најдов некого што може да ми ја објасни оваа голема мистерија. Пријателе, на колена сум. Кажете ми, ве молам, кажете ми. Што е свесноста?
Па... всушност... Па, гледате... па... свесноста...

 

ТРЕТ ДЕЛ

Одговорот се наоѓа во прашањето


1

Се прашувавме за тоа како најдобро да го подготвиме детето...
Сега гледаме дека детето не е оној што треба да се подготви.
Туку ние самите.
Нашите очи се оние што треба да се отворат,
нашата слепост е онаа што треба да се прекине.
Кога би употребиле само малку интелигенција,
колку едноставни би биле нештата.

 

2
Накратко, се започнува како парадокс.
Детето било в затвор,
и штом е ослободено,
вика!
Велат дека тоа често им се случува на затворениците.
Ги отвораат вратите на ќелиите,
и слободата ги дезориентира,
ги излудува!
Всушност почнуваат да се однесуваат како да им недостигаат келиите,
затворот, и би сакале повторно да бидат затворени!
И несвесно прават се
што можат за да се најдат повторно сигурни зад решетките!
На ист начин, гледајќи го новороденото бебе во паника
поради својата слобода, сакате да му речете:
Зошто плачеш?
Изгледаш толку бедно, а би требало да се радуваш!
Обиди се да разбереш што се случи,
за да можеш да уживаш во својата нова слобода!
Почувствувај како можеш да се растегнеш,
да играш и да се движиш наоколу!
Зошто плачеш?

Во тој момент изгледа дека се е во состојба на
комплетна конфузија, речеси невозможно да се поправи.
А сепак се е толку едноставно.
Како што ќе видиме.

За да комуницираме треба да му зборуваме на детето на јазик
што може да го разбере, на јазик што не се засновува врз зборови,
а сепак може да биде разбран од секого.
Љубов.
Зборувајте му... на новороденчето... со јазикот на љубовта!
Па да, се разбира!
На кој друг начин комуницираат љубовниците?
Ништо не зборуваат, едноставно допираат.
Бидејќи се скромни и срамежливи, ја одбегнуваат светлината,
повеќе им се допаѓа темнината, ноќта.
Во темнина, во тишина, тие
посегаат еден кон друг, обвивајќи ги рацете еден околу друг,
повторно го создаваат стариот затвор,
во кој се чувствуваат сигурни, заштитени
од надворешниот свет.
Нивните раце зборуваат,
и нивните тела разбираат.

Тоа е начинот на кој треба да му се зборува на новороденчето:
Во тишина и во темнина,
со раце нежни и полни со љубов,
што смируваат и се движат бавно,
со текот на времето, со неговото дишење.

Но да тргнеме со ред,
речиси сетило по сетило.

 

3
Да почнеме со видот.
Како и љубовниците, да ги придушиме светлата.
Кој би можел да води љубов под рефлектор?
Затоа, да го оставиме само потребното светло - на пример, свеќа -
за да може лекарот да гледа.
Колку мирно, колку смирувачко е тоа полусветло,
и толку во согласност со внатрешната тишина на мајката.

 

4
Сега слухот.
Ништо не е поедноставно; се што треба да направиме е да бидеме тивки.
Едноставно?
Можеби не е толку едноставно како што изгледа на прв поглед.
Умот е толку бучен.
Не е секогаш лесно да се биде тивок во друштво на други.
Човекот има тенденција да размислува и чувствува порив да го каже тоа.
А сепак, само кога го свртуваме вниманието кон другиот,
и кон нашата длабочина, можеме да го искусиме она што се наоѓа зад зборовите.
Но тишината не е нешто што ни доаѓа спонтано,
ние би требало да ја бараме и да ја повикаме длабоко од нас.

Како што наближува крајот на породувањето, многу малку зборови треба да бидат кажани во собата.
Во тишината можете да почувствувате дека доаѓате многу блиску до нешто многу важно.
Тишината ќе биде како мирот што слегува во собата на човекот што умира.
Можеби ист праг минуваме
кога доаѓаме и кога заминуваме.

Една таква, речеси допирлива тишина има многу моќен
ефект врз детето, иако не може да се објасни како или зошто.
Сепак, таа ја растерува паниката,
го запира стравот што чека да се разбранува во детето.
Се разбира, некогаш е потребно да се рече нешто,
да се даде инструкција.
Тоа треба да се шепоти, да биде речеси нечујно.

5
Оваа едукација, оваа иницијација во тишината е
исто толку неопходна за сите оние што
се близу до жената кога раѓа: гинекологот, бабицата, сестрите.
Луѓето имаат тенденција да зборуваат гласно во салата за породување, често извикувајќи зборови на охрабрување:
уАјде, напни! напни!у
Тоа е сосем погрешно.
Замслени како охрабрување, овие гласни потикнувања
се многу вознемирувачки за мајката.
Зашто жената што се пораѓа се наоѓа во една, би можеле да речеме, изменета состојба на свесност и е хиперсензитивна на најмал шум или движење околу неа.

 

6
Темнина, или речеси темнина, и... тишина.
Длабок мир се спушта во собата.
Може да се почувствува почитта која природно го следи доаѓањето на бебето.
Никој не вика в црква.
Секој спонтано го снижува гласот.
Ако постои нешто како свето место, тоа е сигурно собата во која треба да влезе детето.

Пригдушено светло, тишина... што друго е потребно?
Трпение.
Или, подобро, чувството дека треба да се забави и со тоа да се влезе во друг ритам; во еден длабок ритам на животот,
со кој мајката спонтано се усогласува
и кој истовремено е ритамот на детето.

Доколку не ја предизвикате таа неверојатна отпуштеност во вашето тело, невозможно е да го разберете раѓањето. Невозможно е да го сретнете новороденчето под негови услови. За да стигнете до тоа длабоко разбирање, за да стигнете до местото каде што би го сретнале детето, треба на еден начин да истапите од времето.
Да истапите од нашето време.
Овде мислам на нашиот силен, познат осет
за тоа како времето тече, со неговата привидна брзина со која, барем како што нам ни изгледа, тоа тече.
Нашиот осет за времето и осетот за времето на
новороденото бебе се практично непомирливи.
Едното е состојба на речиси статичност,
другата состојба, нашата, често е бесен немир,
близок до лудило.
Покрај тоа, ние, возрасните, не сме никогаш тука.
Секогаш сме некаде на друго место.
Во минатото, во нашите спомени.
Во иднината, во нашите планови.
Секогаш гледаме назад, кон она што е веќе завршено,
или напред, кон она што допрва треба да се случи.
Никогаш не се сосредоточуваме на тука и сега!
Па сепак, ако имаме воопшто надеж повторно да го откриеме новороденото бебе,
треба да истапиме од нашето време кое бесно лета.
Што изгледа невозможно.
Како можеме да излеземе од времето?
Како можеме да избегаме од неговиот брз и луд тек?
Единствениот начин е да се обидеме да бидеме наполно во сегашниот момент.
Да, да се биде тука и сега, како да не постои вчера, ни утре.
Да се дозволи да се појави која било мисла дека моментот ќе заврши, дека не очекува една друга средба, е доволно да ја скрши магијата.
Како што е вообичаено, се е многу едноставно.
И привидно невозможно.
Како да помириш нешто што е непомирливо?
Како може конечното да се комбинира со бесконечното?
Тоа може да се случи единствено ако наполно се отвориме кон другиот,
што значи наполно да се заборавиме себеси.

 

7
Сега сцената е подготвена.
Светлата се придушени.
Завесата може да се подигне.
Детето може да се појави.
Конечно е тука.

 

25
Колку е импресивно да се гледа како детето широко ги отвора очите, почнува да го чувствува она што е околу него, го истражува сето она што го опкружува.
И сето тоа го прави без паника, без солзи.
Напротив, со сериозност, со таква значајност што е тешко да се поверува.
Да, тоа дете е навистина како мудар човек, древна душа,
зашто се што прави го прави со целосна свесност.
Но исто така, се чини дека истовремено нешто зрачи од детето.
Се чини дека зрачи мир, спокојство, дека е доведено некаде од многу далеку.
Зборовите на Лао Це доаѓаат во умот:

Оној што поседува доблест во изобилство, Светиот човек, е како новородено бебе.

Но што е таа доблест?
Нема никаква врска со моралноста, со чесноста.
"Виртус" на латински значи храброст, виталност, смелост.
Она што во Јапонија и во Кина се нарекува чи,
а во Индија, шакти.
Тоа е таинствената, тивка моќ на зен-мајсторот,
вистинскиот мајстор на борбени вештини, или светец.

Оној што е доволно сензибилен да почувствува,
нека почувствува,
тоа е таа доблест,
таа милост,
таа чи, таа шакти
што тече тивко,
сјае како благослов
од новороденчето.


 

ЧЕТВРТИ ДЕЛ

Во потрагата по знаењето
човекот секој ден знае се повеќе.
Во потрагата по патот
човекот секој ден прави помалку.
Се помалку и помалку, и
на крајот не прави ништо.
А кога некој не прави ништо
не постои ништо
што останува незавршено.

Тао Те Кинг

 

10
Можеби го имаме изгубено нашиот осет за едноставност.
Кога еднаш ќе ја разбереме смислата на целата сторија?
Зошто да не се обидеме?
Па, потребно е... многу храброст.
Исто така, потребни ни се трпение и понизност.
Не треба да заборавиме дека тоа за детето е првото искуство од животот.
Како што знае секој добар учител, постои едно свето право:
Правото на детето да експериментира и самото да открива.
Да, трпение, понизност и тишина,
и свесност дека новодојдениот е личност што ја среќаваме и поздравуваме по едно речеси давење во бура.

Ах, се разбира, и...
Љубов.
Без љубов, породилната сала може да биде совршена, со неопходната светлина, yидовите да имаат изолација, температурата на водата за капење да биде како што треба - а детето сепак ќе вреска.
Ако се уште постои трага од нервоза, каква било потисната лутина во нас, бебето веднаш ќе ја забележи.
Неговиот суд е застрашувачки прецизен.
Бебето знае се. На еден свој мистериозен начин. Регистрира се, гледа директно во нашето срце, ја знае бојата на нашите мисли, и сето тоа без да знае јазик.

Надвор од
солзите и смеењето,
мир и спокојство,
или
како што велат во Индија,

 

Шанти! Шанти! Шанти!

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |