За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN



ПРИМЕНА НА ЈОГАТА КАЈ ДИЈАБЕТИЧНА БРЕМЕНОСТ

 

Во рамките на РАБОТИЛНИЦАТА ПО УРГЕНТНИ И МЕТАБОЛНИ СОСТОЈБИ КАЈ ДИЈАБЕТЕСОТ, што ја организираше Клиниката за ендокринологија и болести на метаболизмот при Медицинскиот факултет - Скопје, а беше поддржана од Светската здравствена организација, Научно-истражувачкиот одбор при Јога сојузот на Македонија учествувашe со работилница за ПРИМЕНА НА ЈОГАТА КАЈ ДИЈАБЕТИЧНА БРЕМЕНОСТ. Се одржа во х. Континентал, Скопје, на 12 јуни 2001.

 

Теми:

a) Усна презентација:
ПРЕНАТАЛНА ЈОГА КАКО ПСИХОФИЗИЧКА АКТИВНОСТ ЗА ДИЈАБЕТИЧНА БРЕМЕНОСТ
Излагач: Павлос К. Хасанагас, учител по јога
Презентирано од инструкторот по јога д-р Благоја Ѓорѓиески.

 

б) Работа во групи:

1. ИСКУСТВА НА ГРАВИДНА ЖЕНА И ПОРОДЕНА ЖЕНА ОД СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ КУРС ЗА ПРЕНАТАЛНА ЈОГА

 

 

2. ПРАКТИЧНИ ЈОГА-ВЕЖБИ ЗА ПСИХОФИЗИЧКА САМОКОНТРОЛА ЗА ГРАВИДНИ СО ДИЈАБЕТЕС
 

 

Беа присутни повеќе од 50 лекари од повеќе градови од Македонија. Како предавачи беа поканети познати експерти од повеке специјалности (гинекологија, ендокринологија, неонатологија, нефрологија, офталмологија и др.). Беа поканети и членови од научноистражувачкиот одбор при Јога-сојузот на Македонија, кои ги презентираа можностите што ги нуди јогата како наука за човекот. Редовното практикување на техниките по јога под водство на искусен јога-терапевт и практичните совети овозможуваат здравствена едукација на бремената жена.
Специјализираната програма содржи умерени психодинамични вежби за раздвижување на телото, вежби за дишење и релаксација. Техниките и начинот на нивното изведување овозможуваат контролирање на нивото на гликемијата во крвотокот и рационална искористеност на инсулинот кој редовно го користи бремената.


Материјалот е подготвен врз основа на повеќе од 15-годишното искуство од примена на јогата во пренаталниот и постнаталниот период, како и во терапијата и рахабилитацијата кај практиканти на јога со дијабет кои ги посетуваа редовните курсеви во нашите друштва.

 

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |