ЈОГА ЗА ДЕЦА

Програмата
е наменета за деца од 6 до 13 години, а методологијата на
предавање на јогата е прилагодена на детската возраст.
Практикувањето јога придонесува за правилен
телесен и ментален развој.
Се корегира држењето на телото и има подобрувања при сколиоза
и кифоза. Јога вежбите се одлична превенција за овие
заболувања.
Се зголемува концентрацијата, волјата за учење, самодовербата
и решителноста.
Агресивноста се хармонизира и детето развива позитивен став
кон животот, кон себе и кон околината.

КУРСЕВИ ЗА ДЕЦА се одржуваат во:
ЈОГА-ДРУШТВО - ШТИП

постар
инструктор: ТОМЕ БИНОВСКИ
тел:
071/30 33 87,
075/43
43 65,
e-mail:
tbinovski@yahoo.com
галерија
>>>
ЈОГА-ДРУШТВО - ПРИЛЕП

професор: д-р БЛАГОЈА ЃОРЃИЕСКИ
тел: 078/27
26 78, e-mail:
yogaprilep@t-home.mk

Искуствата
од работата со деца се сублимирани
во две истражувања. "ЈОГА ЗА ДЕЦА НА ШКОЛСКА ВОЗРАСТ", спроведено
во Јога-друштво - Штип, во соработка со Центарот за јога-наука, Скопје.
Автори: П.К. Хасанагас; И. Едровска; В. Алексовска; Е. Стоименова,
К. Едровска.
Студијата е презентирана на 5. Светски конгрес за јога и холистичка
медицина, 1994 г. во Анси, Франција и на 1. Научен собир за
јогата
(со меѓународно учество) "НАУКАТА И ДУХОВНОСТА НА КРАЈОТ
НА 20. ВЕК", јуни 1997, Охрид, Македонија.
Студијата е објавена и во списанието "ЈОГА - здравје и
хармонија",
бр. 82/83, 1994 г. Втората студија на
тема „Примена на
јогата во подобрување на психофизичкиот развој на децата во
основното образование“ е изработена во ноември 2009 год.
Проектот се реализираше во Јога-друштво - Штип,
а беше поддржан од Фондацијата за
развој на локалната заедница – Штип.
|