За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN

 


 


ЈОГА ЗА СПОРТИСТИ

Специјализирани програми за професионален успех:

  • психоментален тренинг

  • самоконтрола

  • самодисциплина

  • способност за брза и ефикасна релаксација

За информации обратете се во Друштвата.

 

ЈОГА ВО НБА

Интервју со Карим Абдул Џабар

БЕЗ ЈОГА НЕ ЌЕ ИГРАВ БАСКЕТ ТОЛКУ ДОЛГО

 

Карим Абдул - Џабар е жива легенда во светот на кошарката. Зад него стои 20-годишна успешна кариера во професионалната кошарка. Почнал да игра од забава, но кога станал член на "Лејкерс" кошарката за него станала предизвик и професија, а подоцна и начин на живеење. За него занаат сите поклоници на кошарката, но помалку е познато дека овој генијален кошаркар долги години се бави со јога на која м должи многу од своите професионални достигнувања. Во еден текст за американското списание "Man's Health Magazine" вели: "Кошарката е спорт на издржливост и затоа треба да знаеш да го контролираш дишењето. Откако почнав јогата да ја применувам систематски во мојот тренинг се ослободив од повреди на мускулите. Вежбите по јога му помогнуваат на секој спортист да не му се сличуваат повреди на мускулите, лигаментите и колената. Покрај тоа, јогата постојано те одржува во контакт со телото. Исто таке е бесценлива и како метод во превентивнатта медицина".


На истата тема д-р Mary Saftz од Медицинскиот центар "Сентенал" во Нешвил , САД вели: "Учејќи ги техниките на дишење и концентрација човекот почнува да го чувствува секој мускул на телото и на тој начин да ги регистрира предупредувачките знаци на болката и да освестува кога напорот во телото стигнува до штетна граница".
Многу спортисти и светски шампиони, но и цели репрезентации се бават со јога. Исто така многу познати тренери техники од јога имаат вклучено во редовните тренинзи на своите спортисти. Докажана е и помошта на јогата во брзото опоравување по повреди. Физиотерапевтите ја имаат вклучено во нивните програми за хронични и мускулни болки.
Јогата може да се применува во секој вид на спорт, но посебно кај оние кои бараат ненадејно производство на голема снага од мускулите како: тенис, дигање тегови, кошарка, одбојка, безбол, но исто така и во пливањето, велосипедизмот, трчањето итн.


Карим Абдул - Џабар е веќе "пензионер" иако вели дека телесно се чувствува способен уште да игра, но дека повеќе нема расположение ниту трпение за тоа и дека не сака повеќе да биде одвоен од својата фамилија. Соработува со спортски фирми за маркетинг, со добротворни организации, се бави со глума, чита и ретко игра кошарка.
Негова најнова активност е учеството во Ultimate Challenge Tour во 12 градови во Европа и во Велика Британија. Имено, славните и прочуени Harlem Globetrotters играат против All Star, тимот на Џабар кој вклучува неколкумина легенди на НБА како Nate Archibald, Artis Gilmore, Cedric Maxwell и други. За оваа турнеја Џабар вели: "Возбуден сум што ќе играм заедно со неколкумина бивши спортисти на НБА пртив Harlem Globetrotters. Тоа ќе биде уникатен предизвик".
Овој турнир во септември стигна во Атина и со таа прилика, по конференцијата за печат, разговараме со легендата на НБА, Карим Абдул - Џабар за неговот искуство во јогата.

 

Кога дознавте за јогата и од кога ја применувате?
За јогата дознав откако прочитав една книга. Тогаш имав 14 години. На почетокот не работев асани, читав за медитацијата и за дишните техники и тогаш само тоа го работев.

 

Дали почнавте да работите сам или со некој друг?
Бев љубопитен да ја запознам јогата. Книгата што ја прочитав беше на еден мој сооченик од гимназија кој се бавеше со јога. Тој ми ја даде книгата што ме заинтересира. И тогаш вклучив неколку техники во моите спортски тренинзи, воглавно дишни техники и медитација за контрола на умот. Асани почнав да работам подоцна, во 1977 година.

 

Како јогата ви помага во тренинзите?
Додека активно играв кошарка, јогата беше одличен начин за одржчување на еластичноста. Зголемената еластичност ја намалува тенденцијата за повреди. Ја користев како превентива зашто навистина е ефективна во тој поглед.

 

Дали чувствувате ефекти во контролата на дишењето за време на мечевите?
Контролата на дишењето е важна, но одреден вид на кардиоваскуларна издржливост може да се постигне само преку интензивен кардиоваскуларен тренинг. Јогата е многу добра за некои работи, но кога се работи за трчање, тогаш единствениот начин на кој што може да се биде во форма е да се трча секој ден.

 

Дали ве интересира и филозофијата на јогата?
Секако.

 

Дали некои ваши колеги ја применуваат јогата и дали работевте јога организирано како тим?
Отакко почнав да ја применувам јогата увидов голема промена во мојата кариера. Кога јас почнав да ја применувам, професионалните тимови не користеа истегнувања при тренинзите, но кога согледаа дека тоа делува превентивно во однос на повредите, почнаа да ги применуваат така што при крајот на мојата кариера многу тимови работе истегнувања. Тоа не беше во суштина комплета програма на вежби по јога, но и од она што го применуваа имаа големи ефекти.

 

Дали си уште работите јога?
Да.

 

Што би им препорачале на младите кошаркари, но и на професионалците?
Јогата претставува интегрален дел на еден добро организиран тренинг. И доколку некој може да ја вклопи во она што го прави многу ќе му помогне во она што сака да го постигне. Не е важно дали техниките се однесуваат на еластичноста, издржливоста или на нешто друго.

 

Што значи кошарката за вас?
Додека бев активен кошарката ми беше професија и начин на живеење. Сега сум пензиониран и играм кога јас сакам.

 

Луѓето обично мислат дека големите спортисти се интересираат само за физичката снага и јаки мускули и дека не се способни да допрат посуптилни нешта како што се филозофијата и спиритуалноста. Можеби вие сте исклучок.
Па, не знам, можеби. Сигурно бев исклучок порано бидејќи не го прифаќав вообичаеното гледиште за тоа што треба да претставува еден тренинг, што треба да вклучува. Имав свои идеи кон кои се придржував и кои многу ми помогнаа. Не ќе можев да играм толку долго кошарка ако не работев јога.

 

Денес, секако, тоа претставува современ начин на тренирање. Зашто еден спортист мора да даде си од себе и да го извлече најдоброто од себе. Јогата станува неопходен дел на секој спорт.
Да, може да се примени насекаде. Бидејќи физички те одржува поеластичен, ги одржува умот и телото во координација и те прави поеластичен.

 

Но, исто така го учи спортистот како да ја одржува концентрацијата. Дали вие го чувствувате тоа?
Секако. Целиот концепт на влијанието на умот врз материјата и разбирањето што тие два поими навистина претставуваат е еден аспект што луѓето не го ценат.


Harlem Globetrotters се ценети пионери на кошарката, најславен и најпопуларен тим, оформен во 1927 година. Во својата 69-годишна историја играле со многу познати тимови како: НБА шампиони, College All-American и национални тимови од различни земји. Имаат играно во 113 земји пред повеќе од 100 милиони луѓе и го држат првото место во Гинисовата книга на рекорди за најбројна публика на кошаркашки меч. Чарлс Бaркли, yвезда на НБА, за нив вели: "Harlem Globetrotters" се фолклорот на кошарката. Секој што гледа или игра кошарка мисли на Globetrotters. Тие ја дефинираат кошарката". Моментни членови на Harlem Globetrotters за 1995 година се: Mannie Jackson, Billy Ray Hobley, Reggie Parkins, Lou Dunbar, Matthew Jackson и Curley Johnson.

 

Интервјуто го водеше Ирена Едровска
Објавено е во списанието "ЈОГА - здравје и хармонија", зима 1994

 

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |