За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN

 


 

 

АКТИВЕН НАСТАВЕН КАДАР
во Јога-сојузот на Македонија

 

Ученици се на учителот Павлос К. Хасанагас.

Ја следеле/следат Школата за обука и усовршување на наставници по јога.

 

Ванчо Тасески, професор
Води едукативни и терапевтски курсеви во Охрид, Струга и Кичево. Јога практикува од 1980 г. Одговорен е за работата на Школата за обука и усовршување на наставен кадар по јога. Коавтор е на повеќе трудови за примената на јогата во рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања. Десетина години води специјализирана програма за јога за пациентите

во Заводот за рехабилитација на кардиоваскуларни

заболувања во Охрид.

 

д-р Благоја Ѓорѓиески, професор
и медицински консултант

Во друштвото во Прилеп и во секциите во Неготино и Кавадарци, води едукативни и терапевтски курсеви, и специјализирани курсеви за бремени жени и за деца. Јога практикува од 1984 г. Предава во Школата за обука на наставен кадар по јога. Претседател е на Научно-истражувачкиот одбор при Јога-сојузот. Автор е на повеќе истражувања за примената на јогата во превенцијата, терапијата и рехабилитацијата.

Томе Биновски, професор
Предава во Јога-друштво - Штип.

Јога практикува од 1986 година.

Води едукативни курсеви и

специјализирани курсеви за деца.

 

 

Венцеслав Крстески, инструктор
Предава во Јога-друштво - Прилеп.

Јога практикува од 1984 година.

 

Александра Адамовска-Митковска, инструктор
Предава во Јога-друштво - Битола. Јога практикува од 2000 година.

 

Александра Јанеска, асистент-инструктор
Предава во секцијата во Охрид. Јога практикува од 2000 година.

 

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |