ЈОГА-СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 
 
 
  ПОЧЕТОЦИ

ИСТРАЖУВАЊА ЗА ЈОГАТА ВО ФУНКЦИЈА НА ЧОВЕКОТ

Откако памети за себе, човекот постојано истражува. Тоа истражување ги опфаќа сите аспекти на природата, и веројатно мотивот за таквата љубопитност е да научи нешто повеќе за себе, за природата и за средината во која живее.
Кога е во прашање здравјето, интересот за нови сознанија не заостанува зад другите науки. Постојано се вршат експерименти, мерења, споредби, се прават лонгитудинални студии, се организираат научни собири, трибини, конгреси и симпозиуми на кои се пренесуваат најновите сознанија и искуства од сите области, со цел да најдат практична примена во животот на човекот. Во тоа ни најмалку не заостанува Јога-сојузот на Македонија, зашто една од неговите главни определби се научните истражувања за јогиските техники во подобрувањето на здравјето и квалитетот на животот. Во рамките на Сојузот постои научноистражувачки одбор кој постепено добива карактер на научна институција поради своите задолженија и начинот на работењето. Соработката со повеќе медицински установи и други институции и постојаното присуство на меѓународни семинари, конгреси и симпозиуми во републиката и во странство укажуваат на сериозниот пристап во оваа област.
Првите истражувања датираат од почетокот на осумдесеттите години во Институтот за медицинска и применета физиологија со антропологија. Беа добиени одлични резултати во поглед на влијанието на јогиските техники врз физиолошките функции на практикантите на јогата, но во тоа време останаа необјавени. Слични испитувања со позитивни резултати беа направени во Заводот за ментално здравје - Скопје, каде што се испитуваа промените во мозочните био-електро бранови под дејството на медитативните техники.



 ПРВО ПРИСУСТВО НА КОНГРЕС
Едно од првите пионерски истражувања беше изведено со пациентите во Заводот за нефрологија, дијализа и рехабилитација на бубрежни болни во Струга, во 1986 година.
повеќе...

 СТУДИСКИ ПРЕСТОЈ ВО ИНДИЈА
На покана од фондацијата за истражување Вивекананда Кендра, учителот Павлос К. Хасанагас, заедно со инструкторите Ванчо Тасески и д-р Благоја Ѓорѓиески, учествуваше на Третата меѓународна конференција за најновите сознанија од истражувањата и примената на јогата (23-27 декември 1995 г.) во близината на Бангалор, Индија.
повеќе...

 ПРВ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ЗА КАРДИОЛОГИЈА
Посебна важност за развојот на истражувањата за јогата и нејзината верификација во медицинските кругови е Првиот македонски конгрес за кардиологија (Охрид, 9-12.10.1996).
повеќе...

 НАУКАТА И ДУХОВНОСТА НА КРАЈОТ НА 20 ВЕК
По повод на 25-годишнината на јогата во Македонија (1972-1997), во организација на Јога-сојузот на Македонија (Охрид, 6-8 јуни 1997) се одржа Првиот научен собир за јогата "Науката и духовноста на крајот на 20 век".
повеќе...

 ВТОР КОНГРЕС НА МАКЕДОНСКОТО РЕСПИРАТОРНО ЗДРУЖЕНИЕ
На Вториот конгрес на Македонското респираторно здружение (Охрид, 18-21 јуни, 1997 година) беше прифатена темата:
повеќе...

 МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ:
ПРОГРЕС ВО СРЦЕВАТА ЕЛЕКТРОСТИМУЛАЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ НА СРЦЕВИТЕ АРИТМИИ
Кардиолошкото здружение на Македонија и Институтот за срцеви болести при Медицинскиот факултет беа организатори симпозиумот (Охрид 1-4.10.1998 година) на кој беше презентирана темата:
повеќе...

 ПРВ КОНГРЕС НА ЛЕКАРИТЕ ОД ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА
На конгресот беше презентирана темата:
повеќе...

 15. КОНГРЕС НА ЛЕКАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
На конгресот (Охрид, 6-10.10.1999 година) Јога-сојузот претстави две постер-презентации.
повеќе...

 18. СИМПОЗИУМ ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ЛЕКАРИТЕ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Темата на симпозиумот (4-5 ноември, 1999) беше: Коронарната артериска болест и кардиомиопатии, а се одржа во Центарот за воено- здравствени установи во Скопје.
повеќе...

 ПРВ ЕВРОПСКИ КОНГРЕС НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ ПРОТИВ АСТМАТА И ДРУГИТЕ БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА (IUATLD)
На конгресот што се одржа во Будимпешта од 12 до 15 април 2000 беше презентирано најновото истражување од областа на превенцијата на астмата и на другите респираторни заболувања.
повеќе...

 ВТОР КОНГРЕС НА ПСИХИЈАТРИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО
На конгресот во Охрид (7-10 мај 2002) беа презентирани две истражувања:
повеќе...

(c) Copyright 2003 - Јога-сојуз на Македонија, All Rights Reserved.