ЈОГА СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Спонзорирано од:
Фондација Институт Отворено Општество Македонија
 
 
   ПОЧЕТОЦИ

ПРВО ПРИСУСТВО НА КОНГРЕС

Едно од првите пионерски истражувања беше изведено со пациентите во Заводот за нефрологија, дијализа и рехабилитација на бубрежни болни во Струга, во 1986 година.

    Вакво искуство на примена на јогата во процесот на рехабилитацијата на пациенти со хронична бубрежна инсуфициенција е единствено не само на нашите простори туку можеби и во светски рамки.
    Друга област на примена на јогата во процесот на терапијата и рехабилитацијата се специјализираните курсеви по јога во Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардио-васкуларни заболувања во Охрид, што се одржуваат од 1992 година па наваму. Техниките на јогата, во комбинација со современите медицински методи, придонесуваат за ублажување на влијанието на ризичните фактори, посебно на стресот и напнатоста, како главни причинители за настанувањето на се позачестените срцеви заболувања.
    Резултатите и искуствата од тие истражувања беа елаборирани во две научни студии: "Јогата како метод на рехабилитација на пациенти со хронична бубрежна инсуфициенција" (П. К. Хасанагас, д-р В. Томаноски, д-р А. Деребанова, инструкторот по јога И. Едровска, инструкторот по јога В. Тасески и дипл. психолог К. Едровска) и "Јогата како метод на рехабилитација на кардио-васкуларни заболувања" (П. К. Хасанагас, д-р М. Котлар, инструкторот по јога И. Едровска, инструкторот по јога В. Тасески и дипл. психолог К. Едровска). Истите студии беа презентирани на Петтиот светски конгрес за јога и холистичка медицина, одржан во мај 1994 година во Анеси, Франција. На тој конгрес беше презентирана трета научна студија "Јога за деца на школска возраст" (учителот по јога П. К. Хасанагас, дипл. психолог К. Едровска, дипл. психолог Е. Стоименова и инструкторот по јога В. Алексовска). Учесниците на конгресот беа изненадени на сериозниот пристап во начинот на истражувањето и на добиените резултати.


назад во архива...
галерија
 Час со пациентите во Заводот во Струга, 1986
 Учителот Павлос Хасанагас (десно) со лекарите во Заводот во Струга
 Час со пациентите во Кардиолошкиот Завод во Охрид, 2002
 Дел од психолошкото тестирање за студијата „Јога за деца на школска возраст“
 Учесниците од Македонија на конгресот во Анси, 1994 (Учителот Павлос Хасанагас во средина)
 

(c) Copyright 2003 - Joga Sojuz na Makedonija, All Rights Reserved.