ЈОГА СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Спонзорирано од:
Фондација Институт Отворено Општество Македонија
 
 
   ПОЧЕТОЦИ

СТУДИСКИ ПРЕСТОЈ ВО ИНДИЈА

На покана од фондацијата за истражување Вивекананда Кендра, учителот Павлос К. Хасанагас, заедно со инструкторите Ванчо Тасески и д-р Благоја Ѓорѓиески, учествуваше на Третата меѓународна конференција за најновите сознанија од истражувањата и примената на јогата (23-27 декември 1995 г.) во близината на Бангалор, Индија.

    Домаќините беа изненадени поради тоа што на европските простори може да има таков квалитет во пристапот кон јогата. На една од пленарните сесии беше презентирана научната студија "Јогата како комплементарен метод за рехабилитација на пациенти по инфаркт на миокардот", изработена врз база на искуствата од специјализираните курсеви што се одржаа од април до декември 1995 година во Заводот за кардиологија.
    На 6. Свески конгрес за холистички живот и медицина во Каликат, Индија (5-7 јануари 1996 г.), во организација на Универзитетот во Каликат и Светската федерација за холистички живот беа презентирани научните трудови "Јогата како комплементарен метод за рехабилитација на пациенти по инфаркт на миокардот" и "Јогиска едукација за психо-физичките способности на работниот човек во културата на трудот".


назад во архива...
галерија
 Дел од учесниците на 6. Светски конгрес, Kаликат, 1996 (втор од десно долу-учителот Павлос Хасанагас)
 Трета меѓународна конференција за истражувањето и примената на јогата, Бангалор 1995
 

(c) Copyright 2003 - Joga Sojuz na Makedonija, All Rights Reserved.