ЈОГА СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Спонзорирано од:
Фондација Институт Отворено Општество Македонија
 
 
   ПОЧЕТОЦИ

15. КОНГРЕС НА ЛЕКАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

На конгресот (Охрид, 6-10.10.1999 година) Јога-сојузот претстави две постер-презентации.

На симпозиумот за професионални заболувања беше презентирана темата: "Јогиска едукација на психо-физичките способности на човекот во културата на трудот" (П. К. Хасанагас, И. Едровска, д-р Б. Ѓорѓиески и В. Дигаловски). Тоа е лонгитудинална студија што ги покажува искуствата со работници, практиканти на јога, во повеќе градови во Македонија, во различни периоди, во 1987, 1995 и 1999 г.
Како слободна тема беше презентирана студијата "Можности за примена на јогата за правилен психо-физички развој на деца и младинци" (д-р С. Ѓорѓиеска, П. К. Хасанагас, д-р Б. Ѓорѓиески и Л. Георгиева), во која беа споредени резултатите добиени од редовните систематски прегледи на школските деца и студентите со висок процент на патолошки наод и резултатите на школски деца и студенти посетители на редовните курсеви во повеќе градови во Македонија.


назад во архива...
галерија
 

(c) Copyright 2003 - Joga Sojuz na Makedonija, All Rights Reserved.