ЈОГА СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Спонзорирано од:
Фондација Институт Отворено Општество Македонија
 
 
   ПОЧЕТОЦИ

ПРВ ЕВРОПСКИ КОНГРЕС НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ ПРОТИВ АСТМАТА И ДРУГИТЕ БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА (IUATLD)

На конгресот што се одржа во Будимпешта од 12 до 15 април 2000 беше презентирано најновото истражување од областа на превенцијата на астмата и на другите респираторни заболувања.

    Учителот Павлос К. Хасанагас и д-р Благоја Ѓорѓиески учествуваа со темата "Респираторна реедукација низ техниките на јогата како метод на превенција на астмата и на другите белодробни заболувања". Коавтори на истражувањето беа д-р З. Ханџиски, д-р П. Богданов, д-р Р. Наумоска и д-р В. Стефановски.
    Истовремено со одржувањето на овој конгрес се одржа и 51. Конгрес на Унгарската респираторна асоцијација. На двата конгреса учествуваа претставници од повеќе земји, и тоа од Франција, Аргентина, Мексико, САД, Англија, Македонија, Грција, Шведска, Русија, Украина и др. Имаше вкупно 300 странски и 500 домашни гости. Предавањата и презентациите се одржаа во шеснаесет пленарни сесии на три главни теми: астмата и белодробните заболувања, туберкулозата и пушењето како светски проблем.
    Интересно е да се спомене дека презентираната тема беше една од ретките од областа на превенцијата, каде се работеше со здрава популација, и единствена тема од областа на јогата. Добиените резултати и изложениот метод на дејствување на техниките на јогата ги изненадија некои од посетителите за јогискиот систем како можен и ефикасен метод на превенција на респираторните заболувања.

назад во архива...
галерија
 Учителот Павлос К. Хасанагас и д-р Благоја Ѓорѓиески
 

(c) Copyright 2003 - Joga Sojuz na Makedonija, All Rights Reserved.