За нас

Курсеви

Книги

Обука на наставници

 EN

 

 

40 ГОДИНИ ЈОГА

ВО МАКЕДОНИЈА 

Јогата е живо знаење, "жив дух" кој без реализирани духовни учители не може да се пренесува. Тие, доаѓајќи на еден простор, како магнет почнуваат да ги привлекуваат луѓето што ги чувствуваат суптилните зрачења на духот. Овој феномен се случи на овие простори со доаѓањето на учителот Павлос К. Хасанагас во Скопје во март 1972 година.

Јогата е долготрајно тежнение на човечкиот дух да го достигне совршенството и бескрајот, па во однос на тоа, годините на јогата во Македонија и не се долг период. Но за една организација се значајни. Почнувајќи од 1972 па се до денес, многу работи што изгледаа невозможни, со голема посветеност и труд, беа реализирани.

Што всушност донесоа овие изминати години на полето на јогата?
 повеќе >>>

 


ИСТОРИЈА

1972 - Доаѓање на учителот Павлос и први индивидуални часови во Скопје
1978 - Први јавни курсеви, Клуб за меѓународно пријателство на млади, Скопје
1979 - Прв семинар по јога на Пелистер
1980 - Школа за обука на наставници по јога
1981 - Основано Јога-друштво - Скопје
1982 - Прво научно медицинско истражување за јогата во соработка со Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет во Скопје
1982 - Прв курс за деца во Центарот за слух, говор и глас во Скопје
1982 - Прв меѓународен семинар по јога
1982 - Прв меѓународен инструкторски семинар
1982 - Прв учебник за наставници по јога
1982 - Стручен прирачник за наставници
"Хата-јога - Водич во техниките на културата на телото и умот"
1983 - Прв број на стручно-информативен билтен "Јога"
1984 - Први терапевтски курсеви
1984 - Први курсеви за бремени жени
1985 - Основано Јога-друштво - Струга
1985 - Започнување со манифестацијата „Недела на јогата“ во Скопје
1986 - Основано Јога-друштво - Прилеп
1986 - Основано координативно тело на друштвата за јога во Македонија
1986 - Прва позначајна серија информативни прилози за јогата на МРТВ
1987 - Основано Јога-друштво - Битола
1989 - Основано Јога-друштво - Штип
1990 - Секција за јога во Охрид
1991 - Центар за јога-наука во Скопје (активен до 2004)
1991 - Прва летна школа за јога во Охрид
1992 - Основан Јога-сојуз на Македонија
1992 -

Секција при Заводот за рехабилитација

на кардиоваскуларни заболувања во Охрид

1993 - Секција за јога во Велес
1993 - Издадена брошура "Јога - природен пат до здраво срце"
1994 - Прво учество со научни студии на меѓународни конгреси во Франција
1994 - Универзитетски јога-центар, Скопје
1995 - Списание "Јога - здравје и хармонија" (претходно билтен "Јога")
1996 - Центар за јога-наука во Скопје (активен до 2007)
1996 - Секција за јога во Куманово
1997 - Прв научен собир за јогата во Македонија
1999 - Секција за јога во Струмица
1999 - Секција за јога во Гевгелија
2000 - Секција за јога во Кичево
2001 - Основано Јога-друштво - Велес
2007 - Секција за јога во Кавадарци
2007 - Секција за јога во Богданци
2008 - Секција за јога во Валандово
2009 - Секција за јога во Неготино
2009 - Книга „Јога-духовна одисеја I
2010 - Книга „Садана-јогиска практика“
2011 - Превод на класичниот спис „Хата-јога прадипика“
2012 - Книга „Сатсанг-средба со вистината I
2013 - Книга „Сатсанг-средба со вистината II
2014 - Основано Јога-друштво - Струмица

© 2002, Јога-сојуз на Македонија | yogafm@t-home.mk | www.yoga.org.mk |